Објавено на:

Мицотакис го врати мандатот за формирање на влада во Грција

t

Претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис ѝ го вратил мандатот за формирање Влада на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која утре ќе го додели на лидерот на втората партија, односно на СИРИЗА.

Од кабинетот на грчката претседателка соопштија дека Мицотакис стапил во контакт со Сакеларопулу и ја информирал дека го враќа мандат.

Па така утре претпладне, претседателката ќе го прими лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, за да му го додели вториот мандат, согласно одредбите од грчкиот Уставот.

Мицотакис кога го прими мандатот од Сакеларопулу рече дека „во суштина не постои никаков услов за формирање влада од конкретниот Парламент“ и истакна дека на земјата ѝ е потребна „силна и стабилна влада со четиригодишна перспектива“, а паралелно оствари и телефонски разговори со претседателите на партиите кои обезбедија влез во Парламентот и ги информирал за намерата на Владата да се забрзаат процедурите за новите избори да бидат на 25 јуни.

Нова демократија победи на вчерашните парламентарни избори, но поради пропорционалниот изборен модел што не предвидува бонус пратеници за првата партија, не е во можност да формира еднопартиска Влада, па затоа земјата ќе оди на втори избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција одделува 25 милијарди евра за одбрана,…

За време на специјалниот самит во Брисел…

Минималната плата во Грција од 1 април…

Од 1 април годинава, минималната плата во…

Во САД одбележан Денот на независноста на…

Воената соработка на Вашингтон со Атина е…

Грција: Дете се задушило јадејќи портокал на…

Лекарите во Грција се борат за животот…

Штрајкуваат новинарите во Грција

Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација…