Мицотакис: Грција е извозник на енергетската безбедност на соседите!

t

Енергетските соработки во регионот, односно гасоводот ТАП, новиот гасовод со Бугарија, но и интерконекторот со Македонија, по успешно завршениот маркет тест, ги спомена грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис како примери за проширувањето на гасоводната инфраструктура на Грција и истакна дека земјата е извозник на енергетска безбедност за соседите.

Во обраќањето на 22-от ЛНГ светски форум што се одржува во Атина, Мицотакис посочи дека неговото внимание постојано било насочено на диверзификацијата на изворите на енергија, како и на флексибилноста за евентуалните инвестиции во Грција за, како што рече, заштита на енергетската безбедност на Европа.

-Оваа, досега невидена криза несомнено одново ја исцртува енергетската карта на Европа. Со гордост изјавувам дека Грција е на чело на оваа промена. Земјата е сидро во сè побурните мориња, а во овој момент е извозник на енергетска безбедност за нашите соседи и се стреми во иднина тоа да го направи во уште поголема мера, истакна Мицотакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Македонија се удавила во Грција

Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…