Објавено на:

Мицотакис прогласи победа: Имаме мандат да формираме независна влада

t

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис прогласи победа на денешните парламентарни избори, велејќи дека има мандат да формира силна, независна влада.

Прелиминарните резултати покажуваат дека конзервативната Нова демократија на Мицотакис има најмногу гласови на изборите, но и дека нема доволно мнозинство за сама да формира влада, објави Ројтерс.

– Ливчињата кажуваат се. Покажуваат дека Нова демократија ја доби довербата на народот да владее, да биде силна и автономна. Милиони грчки граѓани гласаа за Нова демократија. Одличен резултат ја покажува волјата на луѓето кои ни дадоа согласност за политичка независна влада. Народот побара нешто друго – да се движи побрзо на патот на напредокот и големите реформи – рече Мицотакис, пренесе Си-Ен-Ен на грчки јазик.

Тој оцени дека „надежта ја победи суетата, а единството ја победи поделеноста“.

– Трогнат сум од тешката одговорност што ја имам на моите плеќи, одговорноста за која сум повикан да работам уште повеќе за да ја оправдам довербата што ми ја дадовте. Тоа е јасен мандат за новиот четиригодишен период – додаде Мицотакис.

АП наведува дека врз основа на повеќе од 60 отсто од преброените гласови, Нова демократија е прва со околу 40 отсто од гласовите, а Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас со околу 20 отсто.

Но, според новите изборни правила засновани на принципот на пропорција, за да може една партија самостојно да формира влада треба да има околу 46 проценти од гласовите, а доколку не се формира коалициска влада, следните избори може да се одржат на крајот на јуни или почетокот на јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…

Турист почина по каснување од пајак во…

Маж кој бил каснат од отровен пајак…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…