Објавено на:

Мицотаксис: Западен Балкан интегриран во ЕУ до 2033 година

t

Мојата порака денес е јасна: во согласност со поставените критериуми, да понудиме интеграција на целиот Западен Балкан во ЕУ до 2033 година – амбициозна, но остварлива временска рамка. А првиот чекор мора да биде одлука за две седмици во Брисел за деблокирање на патот на С. Македонија и Албанија, пишува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата колумна за „Политико“, посветена на ЕУ перспективата на регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пресрет на Самитот на високо ниво во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што денеска се одржува во Солун, грчкиот премиер во колумната под наслов „Време е европското проширување да се врати на вистинскиот пат“, порачува дека „ЕУ мора да го исполни ветувањето од Солун за Западен Балкан“.

-Денешните состаноци доаѓаат помалку од две седмици пред состанокот ЕУ- Западен Балкан во Брисел и Европскиот совет, каде би можеле да се донесат важни одлуки за регионот и иднината на блокот. А Балканот, како и многупати досега во својата историја, повторно застанува на првата линија на конкурентните сфери на влијание – застрашувачки потреси може да се почувствуваат под површината. Затоа, време е ЕУ да биде искрена со себе и со регионот, пишува грчкиот премиер.

Се осврнува на Солунската агенда од 2003 година за Западен Балкан и вели дека речиси 20 години подоцна, „пристапните процеси станаа сè покомплексни и понапорни, а визијата стана матна, избледувајќи во очите на фрустрираните и разочарани граѓани“.

-ЕУ постојано зборува за конкретна посветеност на Западен Балкан и очекува целосно исполнување на поставените услови и реформи. Сепак, регионот ова го толкува како замор од проширувањето на ЕУ и постојано поместување на целите. Војната во Украина само го зголеми чувството дека фокусот на ЕУ се менува, пишува Мицотакис.

Истакнува дека земјите членки на ЕУ треба да преземат храбар, но неопходен чекор за комплетирање на политичката визија од 2003 година, со поставување опиплива и временски ограничена перспектива за исполнување на ветувањето.

-Треба да изградиме доверба дека кога ЕУ поставува визија, има намера и капацитет да ја следи. Ќе им ги истакнам овие аргументи, не само на оние кои ќе присуствуваат денеска на самитот, туку и на другите лидери од цела ЕУ – вклучувајќи го и мојот голем пријател, францускиот претседател Емануел Макрон. Тој е и длабок мислител и човек од акција, кој веќе постави амбициозни и иновативни идеи за иднината на Европа, што може да послужат како инспирација за нашите размислувања. Но, мојата порака денес е јасна: во согласност со поставените критериуми, да понудиме интеграција на целиот Западен Балкан во ЕУ до 2033 година – амбициозен, но остварлив временски рок. Ова е одамна задоцнето. И првиот чекор мора да биде одлука за две седмици во Брисел за деблокирање на патот на С. Македонија и Албанија, истакнува грчкиот премиер во колумната за „Политико“.

Дополнително, вели дека на Балканот, како и насекаде, постојат „непријателски актери кои сакаат да ги поткопаат напорите, а имаат конкурентен перцепција и аспирации кои ги газат човековите права, владеењето на правото и основните слободи“ и го користат јазикот „на огорченоста, ревизионизмот и империјалната носталгија“.

-Не можеме да дозволиме да се развие вакуум за дејствување на таквите актери, простор во кој тие мислат дека можат да успеат, додава Мицотакис.

На крајот од колумната, грчкиот премиер пишува дека сака да верува дека „ЕУ е подготвена да го исполни предизвикот за обликување на иднината на нашиот континент на начин кој ќе обезбеди стабилност и просперитет за генерациите што доаѓаат“ и со зборовите „време е да го одржиме нашето ветување од Солун“, Мицотакис ја завршува колумната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…

Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…