Млада девојка од Судиска Арабија осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер!
Млада студентка од Саудиска Арабија, која студира на Универзитетот во Лидс, Англија, е осудена на 34 години затвор, бидејќи имала профил на Твитер. Откако таа се вратила во кралството за време на својот одмор, таа веднаш била повикана на разговор во судот, пишува „Гардијан“,
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман претходно им наредил на властите да ги следат сите Саудијци кои ја користат американската социјална мрежа.
Студентката Салма ал-Шехаб (34) е мајка на две млади деца, а најпрво таа била казнета со 3 години затвор, поради користење на интернет-страница која „предизвикува јавен немир и дестабилизирање на граѓанската и националната безбедност“.
Но, апелациониот суд во понеделникот ја изрече новата казна – 34 години затвор проследена со 34-годишна забрана за патување – откако јавниот обвинител побара од судот да разгледа други наводни кривични дела.
Во новите обвиненија стои дека Шехаб „им помагала на оние кои се обидуваат да предизвикаат јавен немир и да ја дестабилизираат граѓанската и националната безбедност со следење на нивните профили на Твитер“ и со „ретвитнување“ на нивните „твитови“.
Таа на нејзиниот Твитер профил има 2.597 следбеници.
Шехаб објавила неколку „твитови“, поврзани со исцрпеноста од ковид пандемијата, слики од нејзините мали деца, а таа неколку пати „ретвитнала“ објави на саудиските дисиденти кои живеат во егзил, кои повикуваат на ослободување на политичките затвореници во кралството.
Европско-саудиската организација за човекови права ја осуди казната на Шехаб, за која рече дека е најдолгата затворска казна што некогаш била изречена против некој активист. Истакна дека многу женски активистки биле подложени на нефер судења кои доведоа до произволни казни и беа подложени на „тешка тортура“, вклучително и сексуално вознемирување.
Пресудата на Шехаб е изречена само неколку недели по посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Саудиска Арабија, за која активистите за човекови права предупредија дека може да го охрабри кралството да ја засили репресијата врз дисидентите и другите продемократски активисти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…
Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…
Маск се мајтапи со Фејсбук: Ако го…
Ако го читате овој пост тоа е…
Портпаролот на Фејсбук се огласи на Твитер:…
Предмалку на својот официјален Твитер профил се…
ЕУ најави истрага за Х (Твитер) на…
Платформата е обвинета за кршење на условите…
Тргната забраната на Х (Твитер) за Алекс…
Десничарската личност стана последниот егзил на кој…