Младиот правник Муамеди: Кога Албанците зборуваат на македонски тие се каури и предавници, а премиерот Албанец на Црна Гора е патриот иако зборува само на црногорски
Умејр Муамеди кој е правник од Скопје, го искоментира величењето на Дритан Абазовиќ кој е нов премиер на Црна Гора. Тој вели дека Абазовиќ го користи исклучивло црногорскот јазик во своите излагања и е херој за Албанците во Македонија. Истовремено, посочува на апсурдната вистина, каде истите Албанци ги понижуваат сограѓаните кои ги користат само македонскиот јазик.
„Новиот Премиер на Црна Гора (Дритан Абазовиќ) во своите објави на социјалните мрежи како и во други излагања го користи исклучиво црногорскиот јазик ама за некои Албанци од Македонија тој е херој, тој е албанец патриот, тој го отвори патот за Етничка Албанија итн. За истите овие Албанци ако некој Албанец од Македонија го користи исклучиво македонскиот јазик пред албанскиот тогаш тој е предавник, каур, шпиун итн. ДА, и за мене Абазовиќ е патриот, тој е патриот бидејки ја сака својата Држава, бидејки за разлика од овие “големите албанци” кои живеат во Македонија а сонуваат за “Етничка Албанија” тој храбро се бори за Црна Гора, кој знае да прави разлика помеѓу нација и држава“, стои во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово привремено забрани увоз на овци и…
Привремено е забранет увозот во Косово на…
Значително поскапување на дизелот овој месец
Од почетокот на јуни цената на дизелот…
(Видео) „За пусти пари се запустивте“ –…
Иницијативата Зелена народна стража почна со блокади…
(Видео) Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во…
По една година власт на ВМРО-ДПМНЕ и…
Косово го забрани увозот на овци и…
Привремено е забранет увозот во Косово на…