Младите во Тетово им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Голем број млади жители на Тетово вечерва на градскиот им оддадоа почит за настраданите во катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани.
Стоејќи на дождот, младите тетовци чекаа ред за да запалат свеќа и да остават цвеќе во знак на сеќавање на прерано згаснатите 59 човечки животи.
– Зборови да се искажат за оваа трагедија нема, но ние како млади волонтери, младинци, на Црвениот крст, општинска организација, Тетово вечерва сме тука да искажеме почит и поддршка до родителите, рече Радица Ѓорѓевска од ОО Црвен крст Тетово.
Таа апелираше граѓаните да донираат по 100 денари преку телефонските оператори Телеком и А1 на телефонскиот број 143 400 за помош на семејствата на настраданите. Донирање е можно и преку сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Жена прегазена од комбе во Тетово, со…
Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…
Затворени два угостителски објекти во Тетово и…
На 19.03.2025 во период од 10 до…
Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…
Уште еден инцидент со прегазен пешак се…
(Видео) Пожар во трговскиот центар во Тетово
Доцна попладнево избувна пожар во Градскиот трговски…