ММФ: Глобалната економија е соочена со тест најголем од Втората светска војна
Глобалната економија поради низата последователни кризи се наоѓа на раб на провалија.
Глобалната економија поради низата последователни кризи се наоѓа на раб на провалија. Меѓународниот монетарен фонд денес на Светскиот економски форум, кој се одржува во швајцарски Давос, соопшти дека глобалната економија ја чека „можеби најголемиот тест од Втората светска војна“.
„Се соочивме со низа несреќни настани“, кажа извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева.
Предупреди дека руската инвазија на Украина ги потенцирала негативните ефекти на пандемијата на ковид-19 на економијата, отежнувајќи го економското заздравување и разгорувајќи ја инфлацијата со растечки цени на храната и горивата.
Државите ги оптоваруваат и растечките каматни стапки, а компаниите и домаќинствата мораат да се носат со големи долгови. Ризик претставуваат и турбуленциите на пазарот и постојаните прекини на ланците на снабдување. Дополнително, проблеми создаваат и климатските промени.
За да се намали стресот на економијата, ММФ повика на состаноци на шефовите на влади и бизнисмените во Давос за да разговараат за намалување на трговските бариери.
Додека многу земји се борат со сè поголемите животни трошоци на своите граѓани, некои одат во спротивна насока и воведуваат ограничувања на трговијата со храна и земјоделските производи кои можат да предизвикаат недостиг и да ги зголемат цените на глобално ниво.
Претходно месецов поради одлуката на Индија да го забрани извозот на пченицата дојде до пораст на цените на житарките, иако станува збор за релативно мал извозник. Индонезија го забрани поголемиот дел од извозот на палмино масло во април за да ги заштити домашните резерви, но неделава планира да ја укине забраната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…
ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…
Европскиот извоз во трети земји во мај…
Србија планира изградба и модернизација на 2.000…
Јелена Танасковиќ, в.д генерален директор на железничката…