ММФ прогнозира инфлацијата од 4,5% и бара од НБРМ да ја зголеми каматната стапка

t

Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската економија укажува на нов бран предизвици. Иако 2025 година заврши со солиден раст од 3,5%, војната на Блискиот Исток и високите цени на енергенсите ќе го забават темпото на 3,1% во 2026 година, додека инфлацијата се очекува повторно да се искачи до 4,5%.

Мисијата на ММФ го оценува финансискиот систем како стабилен. Банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен, а нефункционалните кредити се ниски. Кредитниот раст се забрза во 2025 година, особено во сегментот на недвижности, поддржан од раст на цените на становите. ММФ упатува и на одредени ризици и посочува дека изложеноста кон недвижности бара внимателно следење.

Финансискиот систем останува робустен, но појавата на одредени ранливости бара супервизорска будност. Банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен, а нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Кредитниот раст се забрза во 2025 година, поттикнат од високата ликвидност и силниот раст на депозитите, со особено брза експанзија кај кредитирањето поврзано со недвижности, што е поддржано од остриот пораст на цените на становите.

Мисијата на ММФ побара од Народна банка да ја затегне монетарната политика заради комбинацијата на енергетскиот шок и сè уште силната домашна побарувачка. ММФ посочува дека Народна банка треба да премине кон аукции со целосна алокација на благајнички записи и да ја зголеми основната каматна стапка.

„Се препорачува постепено приближување на реалните каматни стапки кон неутралното ниво (околу 2%) на среден рок“, се потенцира во соопштението од ММФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ММФ прогнозира инфлацијата од 4,5% и бара…

Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската…

Нето надворешниот долг изнесува 4,58 милијарди евра,…

Нето надворешниот долг заклучно со декември 2025…

Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…