Нето надворешниот долг изнесува 4,58 милијарди евра, објави Народна банка
Нето надворешниот долг заклучно со декември 2025 година изнесувал 4,58 милијарди евра или 27,1% од БДП, соопшти Народната банка.
Податоците покажуваат дека нето надворешниот долг во четвртиот квартал од 2025 година е зголемен за 102 милиона евра или за 2,3%, што како што посочуваат од Народната банка е резултат на кварталното зголемување на обврските.
Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71%.
Во четвртиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 25 милиони евра и изнесува 8,75 милијарди евра, што претставува 51,6% од БДП за 2025 година.
Најголемиот дел од овој износ (97%) се нето-обврски врз основа на директните инвестиции, од кои 70% се врз основа на сопственичкиот капитал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…
Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…
НБРМ презеде контрола врз Алта банка во…
Народната банка воведе привремена администрација во Алта…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…