МНОГУ Е БЕЛО ВО „БЕЛАТА ПАЛАТА“! Соработникот на Мицкоски од Охрид фатен со кокаин ќе биде исклучен од ВМРО-ДПМНЕ
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос“, се вели во соопштението до медиумите од ВМРО-ДПМНЕ.
Во најитен рок ќе биде исклучен од партијата, соопштија од ВМРО ДПМНЕ, откако претходно СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Христијан Мицкоски и градоначалникот Пецаков било фатено како употребува наркотични средства
Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид и во најитен рок ќе биде исклучен од партијата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Христијан Мицкоски и градоначалникот Пецаков било фатено како употребува наркотични средства во угостителски објект.
„Толоманоски по пријавата е разрешен, СДС наместо двојни стандарди да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос“, се вели во соопштението до медиумите од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски откри дека близок соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил фатен со кокаин.
– Со денови нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски, осомничен за двете убиства, што ја потресоа и згрозија македонската јавност. Зошто Мицкоски молчи за средбите со радикалот Палевски кој беше алатка на ДПМНЕ. Што крие?И додека јавноста го чека Мицкоски да одговори што разговарале, што договарале, пукна нов скандал, и тоа со дрога, кокаин. Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин. Како што информираше МВР, вчера на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин. Станува збор за Александар Толоманоски-Дандаро, близок на Мицкоски и градоначалникот Пецаков. Еве и дел од нивните заеднички фотографии. Нека види јавноста кои се блиските луѓе на Мицкоски. Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и кажува многу за какви луѓе станува збор. Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски а не само Белата палата!? – рече Каевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…