Многу порано од предвиденото го постигнавме ветувањето за 20.000 минимална плата, вели Битиќи

t

Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи во интервју за Канал 5 телевизија рече дека СДСМ многу порано го постигнала ветувањето за минимална плата над 20.000 денари.

-Во јавниот сектор ситуациите се многу подобри од што биле, како што ги затекнавме во 2016 година, секако јас сосема ги разбирам барањата на вработените во јавниот сектор, во сите сектори, и година дена расправивме за општиот колективен договор кој што се носи после 18 години, нагласи Битиќи.

Тој потенцираше дека 18 години ниту една влада не само  што не расправала, туку не сакала да седне да зборува за општ колективен договор во јавниот сектор.

-Има и еден друг факт, да таа влада која што денеска најверојатно стимулира одредени кругови за да не го прифатат решението со општиот колективен договор, има направено платите во јавниот сектор да се регулираат преку 200 закони или подзаконски акти, така што веројатно секоја трета институција има различен  начин на дефинирање на плати, рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…

Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…