МНР ги повика Македонците во Украина во најкраток можен рок да ја нaпуштат земјата
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, следејќи ги одблиску состојбите во и околу Украина, апелира до граѓаните на земјава:
Сите државјани на Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата; дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата.
Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:
+380442877882
+380663951190
е-mail: [email protected]
Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]
Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Македонија во Киев.
Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Уште имаат храброст да се жалат! Косовско…
Министерството за надворешни работи и дијаспора на…
Жерновски повикан на консултации во МНР
Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски денеска…
Министерот за дипломатија блокира броеви на новинари…
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одбива…
Муцунски ќе проверува дали имало незаконско работење…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…