МНР: Навремено ќе известиме за препораките и постапувањето за нашите државјани во Украина

t

Македонија со внимание ја следи актуелната состојба во Украина велат од Министерството за надворешни работи. На прашањето на Гласот на Америка дали ќе упатат предупредување до македонските граѓани да не патуваат во Украина или пак повик до оние кои веќе се наоѓаат таму да ја напуштат државата, од МНР велат дека формирале работна група што го следела развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија внимателно ги следи состојбите во и околу Украина и преку нашата Амбасада во Киев е во постојана комуникација со надлежните институции во земјата. Воедно, во рамки на Министерството за надворешни работи формирана е работна група што го следи развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина, како и одлуките на Европската унија и нашите пријателски земји во однос на актуелните случувања. Министерството за надворешни работи навремено ќе извести за евентуални препораки и насоки за постапување за нашите државјани, велат од МНР за Глас на Америка.

Некои држави веќе ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Украина, како на пример Канада. Американската амбасада во Киев ги повика своите граѓани веднаш да размислат за напуштање на земјата.

Македонија се’ уште нема одлучено, дали евентуално би испратила и свои војници во Украина, како дел од НАТО сојузничките сили. Од Армијата на Македонија велат дека секоја одлука се носи на повисоко ниво и оти во моментот работат според годишен план за работа.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во телефонски разговор вчера со Дерек Чолет советник на Стејт департментот на САД, разменил мислења за актуелната безбедносна состојба во Европа и актуелните случувања во и околу Украина.

„Беше изразена взаемна поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина, повлекувајќи ја важноста од заштита на човековите права. Воедно, ја истакнаа значајноста од заеднички пристап кон актуелните безбедносни предизвици и упатија повик за деескалација на состојбите во интерес на европската сигурност. Во тој контекст, ги поздравија напорите на меѓународните партнери и заложбите во рамки на НАТО и ОБСЕ за смирување на состојбите и зачувување на мирот“, се вели во соопштениот на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Уште имаат храброст да се жалат! Косовско…

Министерството за надворешни работи и дијаспора на…

Првите Ф-16 пристигнаа во Украина

Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…