МНР повторно на страна на нацистите: Најостро го осудуваме вандалскиот чин извршен на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид

t

Најстрого го осудуваме вандалскиот чин кој се случи денес, 12 октомври во Охрид, со кој е искршена таблата на неодамна отворениот клуб, велат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

-Потсетуваме дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани на Република Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања. Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи.Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас, велат од МНР.

Од МВР информираа дека истрагаат е во тек.

– Околу 12 часот и 45 минути во СВР Охрид пријавено е оштетување на дел од таблата поставен над просторијата во која е сместен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“. Екипи на СВР Охрид во моментот вршат увид на местото на настанот и се работи на расветлување на случајот, информираа од СВР Охрид.

Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен пред пет дена, а на денот на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица, а поддржан од ВМРО – ДПМНЕ. Револтираните граѓани го изразија своето незадоволство против, според дел од нив, името на клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира…

Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година,…

Бугарија: Не може да има преговори за…

Ја повикуваме Русија целосно да се вклучи…

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за…

Одлуките на Република Македонија во поглед на…

МНР на Бугарија ги осудува изјавите на…

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се…

МНР: Нашите мисли се со народот на…

По масакрот во Цетиње се огласи и…