МНР се пофали: Платите на вработените се натпросечни, скоро 45.000 денари

Кога би се изземале надоместоците за плата што се добиваат надвор од земјата, се доаѓа до просечна бруто плата од 44.399 денари, велат од МНР, реагирајќи на пресметаниот просек во Буџетот за 2023 од 2.000 евра
Платите на амбасадорите и на другите вработени во дипломатско-конзуларните претставништва во странство го кренале просекот на платите во целото Министерство за надворешни работи. Според официјалниот документ – Буџет за 2023, просечна бруто плата на вработените во МНР е 122.243 денари.
Но, од МНР за “Слободен печат“ објаснуваат дека кога би се изземале надоместоците за плата што се добиваат надвор од земјата, се доаѓа до просечна бруто плата од 44.399 денари.
– Платите на вработените во Министерството се на ниво како и на останатите државни службеници во Република Македонија. Просечната бруто плата исплатена во 2022 година за вработените во Министерството изнесува 44.399 денари. Исто така, на вработените во Министерството кои се упатени на работа во дипломатско-конзуларните претставништва им се исплатува надоместок за плата согласно условите во земјите каде што се наоѓа претставништвото, додека придонесите им се исплаќаат во висина на последната исплатена денарска плата пред упатувањето во странство. Имајќи го предвид горенаведеното, просечната плата на вработените во МНР треба да се пресметува согласно примањата кои вработените ги добиваат во Република Македонија, не вклучувајќи го надоместокот за плата што го добиваат надвор од земјата – велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира…
Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година,…
Синдикатот на полицијата бара покачување на платите…
Синдикатот на полиција во Македонија упати барање…
Бугарија: Не може да има преговори за…
Ја повикуваме Русија целосно да се вклучи…
МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за…
Одлуките на Република Македонија во поглед на…
МНР на Бугарија ги осудува изјавите на…
Министерството за надворешни работи на Бугарија, се…