МНР со детали за трагичната сообраќајна несреќа во Италија: Загинатите се од Виница и М. Каменица
Од Министерството за надворешни работи ја потврдуваат веста за трагичната сообраќајна несреќа во Италија во која загинаа тројца Македонци.
-Информираме дека синоќа, во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со смртни последици за четворица учесници, од кои за тројца е утврдено дека се работи за државјани на Република Македонија.
Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пеклани, Виничко.
Претставниците на Конзулатот и Амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.
Иако поради велигденските празници комуникацијата со италијанските служби се одвива забавено, нашите дипломатски претставништва остануваат во комуникација со цел прибирање дополнителни информации за деталите околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата.
Дозволете да информираме дека на располагање се дежурните телефони на:
- Генералниот конзулат во Венеција +39 327 935 1698,
- Амбасадата во Рим +39 351 336 3919
- како и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075 273 732. – информираат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Уште имаат храброст да се жалат! Косовско…
Министерството за надворешни работи и дијаспора на…
Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…