МНР со остра осуда за заканите кон новинарот Видиновски од бугаринот Стојанов

t

Министерството за нaдворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува заканите упатени на социјалните мрежи кон македонскиот новинар Александар Видиновски од страна на лицето Виктор Стојанов за репортажа објавена на телевизијата Канал 5.

Секоја форма на притисок, закани или вербални напади врз новинарите и медиумските работници претставува и закана за слободното изразување и слободата на медиумите, и лесно може да ја загрози работата на новинарите која е од јавен интерес.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за овој случај веќе сигнализираше кај бугарските колеги преку механизмот за борба против говор на омраза воспоставен согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со цел негово евидентирања и соодветно постапување од страна на надлежните органи, соопшти МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова: Не сум видела натпис во…

Не сум видела натпис во Грција со…

Путин вели дека сè уште го претпочита…

Рускиот претседател Владимир Путин во средата изјави…

Јаневска пак се пишмани: На 1-ви септември…

Многу шпекулации се проширија во јавноста, но…

Нетанјаху подготвува тим за продолжување на преговорите…

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху подготвува екипа…

Амбасадорот во Италија кој бараше од Македонците…

Согласно Законот за надворешни работи, министерот за…