Објавено на:

Модерно време, модерна борба: Хамас бара донации во биткоини

t

Палестинското движење Хамас повика на финансиски донации за палестинскиот отпор во дигиталната валута биткоин.

Апелот доаѓа во време на зголемени тензии низ палестинските територии откако израелската полиција изврши напади врз верниците во Ал Акса минатата недела. Израелските напади предизвикаа ракетни напади од Појасот Газа и Либан, а Израел возврати со воздушни и артилериски напади.

– Сега е можно директно да се поддржи палестинскиот отпор преку Биткоин, се вели во соопштението на бригадата Касам, вооруженото крило на Хамас.

Ова не е прв пат бригадата Касам да повика на финансиски донации во биткоини.

Слични повици беа упатени во 2019 и 2021 година.

За разлика од традиционалната валута, биткоинот и другите виртуелни валути немаат сериски број и не се предмет на контрола на владите и централните банки. Трансферот се врши само онлајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел до Хамас: Прифатете го предлогот на…

Израел го повика палестинското исламистичко движење Хамас…

Ројтерс: Хамас се согласи на прекин на…

Хамас се согласи со предлогот на американскиот…

Нетанјаху: Израел веројатно го уби лидерот на…

Израел веројатно го убил лидерот на Хамас,…

Хамас ќе го ослободи последниот преживеан американски…

Хамас денес објави дека ќе го ослободи…

Вооруженото крило на Хамас објави видео со…

Вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Хамас…