Можела ли да се спречи трагедијата во Кочани? МВР ја контролира пиротехниката, проверил ли некој што се случува во дискотеката?!

t

МВР ја контролира пиротехниката – дали во клубот имало дозвола за палење пиротехнички средства?
Трагедијата во Кочани, во која загинаа 51 лице, добива нова димензија откако се потврди дека пожарот избувнал од употреба на пиротехнички средства. Како што може да се види од видеата кои се објавуваат на интернет, плафонот кој бил од лесно запалив материјал се запалил од таканаречени фонтани прскалки, пиротехнички средства кои се користат многу често низ дискотеките и рестораните за свадби.


Според законските прописи, употребата на фонтани и слични пиротехнички средства во затворен простор мора да биде одобрена и контролирана од МВР, а нивната изведба е дозволена само за правни лица кои имаат посебно Одобрение за промет со експлозивни средства. Вработените во тие компании минуваат безбедносни проверки од АНБ, се оспособуваат како пиротехничари и прават проценка на ризикот пред секоја изведба.
Во овој случај, се поставуваат клучни прашања: Дали имале дозвола за користење пиротехника во дискотеката оние кои ја правеле? Дали воопшто е побарана дозвола за употреба на пиротехнички средства и дали МВР го конотрлирала ова?
Според слики на социјалните мрежи, во дискотеката и претходно биле користени фонтани, што значи дека или редовно се прекршувале правилата, или институциите свесно гледале настрана.
Во Македонија, на свадби и разни прослави, речиси рутински се палат фонтани во затворен простор, без никаква контрола. Според законските обврски, МВР е институцијата што мора да ги санкционира овие појави, но прашањето е дали тоа се прави, според наш соговорник кој е експерт за пиротехника, ваквите контроли МВР воопшто не го прави.
Сега, кога трагедијата веќе се случи, МВР мора да даде одговори на сите прашања. Доколку се покаже дека употребата на пиротехника во клубот била нелегална, тоа би значело дека оваа катастрофа можела да биде спречена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум локации – МВР забрани да се…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

„Па нели јас манипулирав за одговорноста на…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела…

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за…

(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани…

Попладнево во полициска станица во Центар, на…

(ДОКУМЕНТ) Еве министре, документ – образец согласно…

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, на Фејсбук…