Објавено на:

Молдавија воведе вонредна состојба поради прекинот на испораките на гас од Русија

t

Парламентот на Република Молдавија прогласи вонредна состојба поради претстојниот прекин на испораките на гас од Русија. Вонредната состојба треба да започне во понеделник, на 16 декември и да трае 60 дена. Се очекува Русија да ја намали испораката на гас за оваа источноевропска земја на 1 јануари.

dobivaj vesti na viber
„Задачата на Парламентот е да прогласи вонредна состојба за оваа зима да биде последна зима во историјата на Молдавија во која не уценуваат со испорака на гас“, изјави молдавскиот премиер Дорин Речан. Тој додаде дека „мора да престане уценувањето на Москва со гас“. Во исто време, вели тој, мора да се гарантира дека провинцијата Придњестровје ќе се снабдува со гас.

Вонредната состојба и овозможува на владата брзо да дејствува и да го намали извозот на енергија. Молдавија увезува гас од Русија преку Украина, која најави дека од 1 јануари нема да го продолжи договорот со руската енергетска компанија Газпром. Молдавија годишно увезува околу две милијарди кубни метри руски гас од Русија. Речиси целото количество гас, според договорот меѓу централните власти и властите во Придњестровје, оди во таа автономна покраина каде што има електрана која е од суштинско значење за индустријата, но и за домаќинствата на цела Молдавија.

Придњестровје, чија администрација не е меѓународно призната, минатата недела воведе вонредна состојба поради гасот.

Алтернатива на гасоводот низ Украина може да биде испораката преку гасоводот Турски тек. Тие испораки, сепак, би можеле да бидат доведени во прашање со оглед на тоа што Гаспром инсистира на отплата на долгот на Молдавија во износ од 709 милиони долари за веќе испорачаниот гас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…