Момче од Скопје останало без пари, злато и мобилен телефон – полицијата приведе едно лице
Полициските службеници лишиле од слобода едно лице, вработено во телекомуникациски оператор кое се сомничи дека било вклучено во извршување на кривично дело.
Министерството за внатрешни работи информираше дека по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, денеска (14.10.2023), го лишиле од слобода В.К.(31) од Скопје поради сомнение дека е соизвршител во кривично дело изнуда.
Имено, В.Н.(20) од скопско пријавил дека на 13.10.2023 на подрачје на Кисела Вода, И.Ј. од Скопје, кого го познавал, со употреба на сила го внел во неговото возило и со закани од неговиот дом одзел пари и злато, по што му договорил средба со приведениот, вработен во мобилен оператор, да му земе мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…