Момче од Штип било принудувано да зема брзи кредити и да се задолжува кај трети лица, приведено едно лице
На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Штип. Тој се сомничи дека во периодот од октомври 2024 до 20.06.2025 со закани и присилба оштетил 21 – годишник од Штип за сума од 275.000 денари.
Според пријавеното, во наведениот период, тој се заканувал на лицето и го присилувал да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а исто така, го принудил да одземе пари и од неговиот татко. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момче од Штип било принудувано да зема…
На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип,…
На Богородица и Табановце од македонска страна…
На граничните премини Богородица и Табановце, од…
САД ја повикуваат Кина да го одврати…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја…
ВМРО-ДПМНЕ е виновно за состојбите вo Скопје
Работите по една година од владата на…
ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето…
Во време кога владеењето на правото и…