Објавено на:

Момче со автомобил удрило во повозрасен пешак па избегало

t

Дваесет и едногодишно момче со својот опел удрил во 68-годишен пешак па избегал.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 09:40 часот на улицата Пабло Неруда.

Во ОВР Струга вчера во 9:40 часот било пријавено дека на улицата „Пабло Неруда“ во Струга патничко возило опел со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од село Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од село Долна Белица, струшко, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанец е пронајден починат во својот дом

Педесет и четиригодишниот Б.Ќ од Велес вчера…

Пијан велешанец нападнал полицаец

На 13.05.2025 во 00.35 часот на улица…

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Возач прегазил 50-годишен скопјанец, со тешки повреди…

Жител на Скопје завршил во болница со…

Тинејџери нападнале скопјанец во Шутка

Во СВР Скопје, М.Б.(39) од Скопје пријавил…