Момче со автомобил удрило во повозрасен пешак па избегало
Дваесет и едногодишно момче со својот опел удрил во 68-годишен пешак па избегал.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 09:40 часот на улицата Пабло Неруда.
Во ОВР Струга вчера во 9:40 часот било пријавено дека на улицата „Пабло Неруда“ во Струга патничко возило опел со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од село Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од село Долна Белица, струшко, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова пријава против Стојна Димитровска – повторно…
Нова пријава против кратовката која го узурпираше…
Убиена пензионерка во Ѓорче Петров
Во скопската населба Ѓорче Петров утринава била…
19-годишник доби кривична за вонбрачен живот со…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе…
Уапсен е 69 годишен кавадарчанец – кај…
МВР информира дека вчера попладне околу 15:00…
Среде ноќ насилно влегол преку балкон и…
Вчера во 11:50 часот во Гостивар, полициски…