Моравјецки: Италија и Полска заедно ќе ја обноват ЕУ – Доста трпиме последици од погрешната германска полтиика
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вели дека на Варшава и на Рим им е преку глава од диктатите на европската бирократија, додавајќи дека овие две земји сакаат заедно да ја обноват Европската унија.
„Ние сме татковина за Европа, а не европска супердржава. И двете наши земји би можеле да го поддржат“, изјави Моравјецки во интервју за торинскиот весник „Стампа“, одговарајќи на прашањето дали Италија и Полска имаат ист став кон ЕУ.
Премиерот Моравјецки посочува дека на Полјаците и на Италијанците им е преку глава од диктатите на бриселската бирократија и дека сакаат вистинска демократија во Унијата: „Сакаме да ја обновиме ЕУ со враќање на нејзините основачки принципи“, вели Моравјецки.
Она што ги поврзува Рим и Варшава, како што додава Матеуш Моравјецки, е силната поддршка за Украина, бидејќи „неоимперијалистичката политика на Владимир Путин претставува сериозна опасност не само за Киев, туку и за цела Европа“.
На новинарско прашање што мисли за забелешката на Мелони дека позициите на Германија и Франција се подобро наведени во ЕУ од другите членки, Маоравецки ја искористи за да го нападне Берлин:
„Ние веќе плаќаме огромна цена за грешките, особено за германската политика. Ако Берлин одлучуваше за сè, цената на гасот ќе беше уште повисока“, рече тој, посочувајќи на германската енергетска политика, која според него беше контроверзна бидејќи пред инвазијата на Украина главно се потпираше на гасот од Русија.
Полскиот премиер затоа посочи дека усвојувањето на одлуките со консензус во евро блокот е од суштинско значење, иако некои земји-членки сметаат дека тоа го попречува процесот на нивно усвојување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според…