Морничави детали од истрагата: Осомничените за убиството на Данка “ја вртат приказната“ додека се трага по телото
Срѓан Јанковиќ (50) од село Лук и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот, кои беа уапсени под сомнение дека ја убиле малата Данка Илиќ (2), ја отежнуваат полициската потрага по телото на девојчето.
Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, Јанковиќ и Драгијевиќ, кои полицијата вчера ги извела на терен каде интензивно се трагаше по детето, „ја вртат приказната“ и нивните изјави за тоа што се случило кобниот ден не се поклопуваат.
Она што е сигурно е дека признале дека на 26 март со службено возило „фиат панда“ удриле двегодишно девојче. Наводно зад воланот бил Јанковиќ. Сепак, сè уште е нејасно што се случило потоа.
Наводно, тие се оправдуваат дека биле под дејство на алкохол, и дека не се сеќаваат што точно се случило во моментот кога девојчето било убиено.
Рекле дека детето било на патот, но дека, иако не се движеле со голема брзина, не виделе дека е пред возилото.
Данка исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути, а постои сомневање дека седум минути подоцна пријавените со службено возило налетале на малата Данка. Според една од верзиите, детето било мртво на лице место, а потоа го ставиле во багажник и го однеле на непозната локација, најверојатно на блиската депонија каде го отстраниле телото.
Друга неофицијална верзија е дека Данка била жива откако била удрена од возилото и дека еден од осомничените ја удавил, а потоа го отстраниле телото.
Полицијата се уште интензивно трага по телото на малата Данка, а Срѓан и Дејан наводно не се сеќаваат каде точно го фрлиле телото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…