Објавено на:

Москва е гневна откако Зеленски позираше покрај слика на која Кремљ гори

t

Фотографијата од украинскиот претседател Володимир Зеленски, на која тој позира пред уметничка слика на која е претставен „Кремљ во пламен“, објавена во списанието „Тајм“, ја налути Москва.

„Ова веројатно најдобро го покажува нивото на интелектуален развој и внатрешна состојба на оние кои позираат покрај вакви слики“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за фотографијата објавена во американско списание во понеделникот, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Сликата „Сон“ од 2022 година на грузискиот уметник Сандро Антадзе, која е истакната во работните простории на Зеленски, се смета за омилен симбол на посакуваната победа на Володимир Зеленски во војната што започна во Украина пред повеќе од три години.

Сликата, која според „Тајм“ виси во просторија зад кабинетот на претседателот, била изложена и за време на новогодишното обраќање на Зеленски на 31 декември 2023 година, кога тој рекол дека оние кои носат пекол во Украина, еден ден ќе го видат пеколот од сопствените прозорци.

„Тајм“ во написот вели дека над креветот на украинскиот претседател виси слика на која се гледа како руски брод тоне во Црното Море во 2022 година.

Друга слика покажува украински војници кои се борат на руска територија.

Зеленски изјави за Тајм за сликите: „Секоја од нив е за победата… Тоа е местото каде што живеам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…