Објавено на:

Москва не се согласува со мировниот план на Зеленски поддржан од Турција

t

Москва не се согласува со ставот на Анкара, која го поддржа мировниот план на Украина, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Поддршката на Турција за иницијативата на режимот во Киев тешко дека ќе придонесе за изнаоѓање оптимални начини за постигнување мир во Украина. Веќе неколку пати кажавме дека овој план е неприфатлив за нашата земја“, рече Захарова.

Зеленски во ноември рече дека Киев има свој „план од 10 точки за постигнување мир“. Меѓу нив се обезбедување нуклеарна, прехранбена и енергетска безбедност, размена на затвореници по формулата „сите за сите“, враќање на територијалниот интегритет на Украина, „повлекување на руските сили“, прекин на непријателствата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа…

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

Три лица од Турција нападнати кај кањонот…

– Вчера во 18:30 часот во СВР…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…