Мојсоска: Македонскиот народ пати од кратка меморија, тиранската платформа ја надградивме со косовска
Македонскиот народ пати од кратка меморија. Македонскиот народ заборави кој го создаде ДУИ и кој ги амнестираше за воени злосторства. Денес во највисокиот законодавен дом се даваше заклетва на друг јазик, а пратениците Македонци со слушалки ја следеа седницата. Нема Парламент во светот каде прв јазик е македонскиот, напиша на Фејсбук пратеничката на Левица, Јована Мојсоска.
– Денес Тиранската платформа ја наградивме со КОСОВСКА платформа, па иредентистите кои го чекаа Курти со знамиња на голема Албанија, добија втор човек на државата. Необалистите од ДУИ ги заменивме со необалистите од ВРЕДИ, а наместо на “баци рака” кај Еди Рама, државниот врв ќе оди на “баци рака” кај Курти.
Денес, македонското Собрание доби пратеник кој е советник на премиер на друга држава (Албин Курти), а ДПМНЕ “лавовски” ги бранеше од говорница. ДПМНЕ нема проблем со Касами и неговите изјави дека “Македонија ќе биде трета албанска држава”. ДПМНЕ нема проблем со новоизбраниот спикер ГАШИ кој бараше заедница на албански општини – што е дефакто повик за рушење на суверенитетот и уставниот поредок
Платформата на коалицијата ВРЕДИ е отворено АНТИ-МАКЕДОНСКА и иредентистичка, со јасна омраза кон македонската држава. Во европски држави, овие партии ќе беа забранети и прогласени за анти-државни елементи. Наместо тоа, врховистите од ДПМНЕ им дадоа спикер на Собрание.
Македонскиот народ пати од кратка меморија…
ПС Пратениците на Левица ја напуштија салата кога новиот спикер противуставно даваше изјава на албански јазик. – напиша Мојсоска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
Левица: Слободата на Груби е колективен договор…
Слободата на Груби е колективен договор на…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…