Мојсоска: МВР без реакција за дронот што ја снимаше генералката на Орце, ама затоа експресно донесоа забрана и приведоа новинари кога беа протестите за трагедијата во Кочани
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска се огласи откако дел од медиумите објавија дека дронот што го снимал почетокот на генералката на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на паркингот на салата „Борис Трајковски“, не бил пријавен за лет. Мојсоска забележува дека нема реакција од МВР и ресорниот министер.
„И нормално, нема никаква реакција од МВР на Панче Тошковски. Ама затоа, кога беа протестите за трагедијата во Кочани, експресно беше изречена ЗАБРАНА за летање со дронови и беа ПРИВЕДЕНИ 7 новинари затоа што снимале со дрон. За ваквата тенденциозна хајка за гушење на протестите, тогаш МВР објави дека неовластено оперирање на дронови го загрозува воздушниот сообраќај и може да предизвика сериозни последици по животот. За дронот на градоначалникот на Скопје ова не важи.
И тоа е резултатот кога поголема медиумска покриеност добива акција за собирање ѓубре отколку протести за правда…“, стои објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: МВР без реакција за дронот што…
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска се огласи…
(Видео) В сабота „Марш на ангелите“ во…
Здружението на граѓани „16-ти Март“, создадено од…
Аларм во Белгија – мистериозни дронови надлетуваа…
Пет дронови беа забележани како синоќа летаат…
„Ја чекам во соништата, таму каде што…
Александар Наунов е еден од многуте родители…
Велика Британија ѝ помага на Белгија да…
Велика Британија испраќа експерти и опрема во…