Мојсоска: МВР без реакција за дронот што ја снимаше генералката на Орце, ама затоа експресно донесоа забрана и приведоа новинари кога беа протестите за трагедијата во Кочани
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска се огласи откако дел од медиумите објавија дека дронот што го снимал почетокот на генералката на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на паркингот на салата „Борис Трајковски“, не бил пријавен за лет. Мојсоска забележува дека нема реакција од МВР и ресорниот министер.
„И нормално, нема никаква реакција од МВР на Панче Тошковски. Ама затоа, кога беа протестите за трагедијата во Кочани, експресно беше изречена ЗАБРАНА за летање со дронови и беа ПРИВЕДЕНИ 7 новинари затоа што снимале со дрон. За ваквата тенденциозна хајка за гушење на протестите, тогаш МВР објави дека неовластено оперирање на дронови го загрозува воздушниот сообраќај и може да предизвика сериозни последици по животот. За дронот на градоначалникот на Скопје ова не важи.
И тоа е резултатот кога поголема медиумска покриеност добива акција за собирање ѓубре отколку протести за правда…“, стои објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…