Мојсоска: На кого му одговара организираниот ГРАБЕЖ со патарините?

t

На кого му одговара организираниот ГРАБЕЖ со патарините? – прашува пратеничката Јована Мојсоска.

– Жител на Гостивар плаќа 1.000 денари патарини за вкупно 460 километри во двата правци на автопатот до македонско-грчката граница (или 2,57 денари по километар!) што Македонија ја прави земја со најскапи автопати во Западен Балкан.

Во Србија, минувањето на делницата долга 600 километри од Прешево до унгарската граница чини 48 евра во двата правци (или 2,37 денари по километар!).

Ова ја прави Македонија држава со најскапи патарини за патишта кои не се ни автопати. На предлог-законот од Левица да се НАМАЛАТ патарините за 50%, пратеници од власта викаат дека требало да го пофалиме ЈПДП што имало РЕКОРДНА наплата на патарини?!

Па, токму таа рекордна наплата е од џебот на сиромашните граѓани што го полнат буџетот за партиски вработувања. Ама од десничарска влада не се ни очекува рекордна наплата на даноци од МИЛИОНЕРИ (како Анѓушеви и Заеви), туку арачот се збира од сиромашните – исто како во време османлиско. – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не го прочитал ама знае! Предлогот на…

Се уште не сме го виделе предлог-законот,…

Машала, пари има, патишта нема: Само од…

Приходите од наплата на патарина на Јавното…

Апасиев: Дерење на живо – За месец…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук…

Тоа ќе остане: СДСМ за пет години…

Од денеска работат двете нови патарини на…

Бочварски: И покрај поскапувањето цените на патарините…

Одлични вести пред стартот на летните одмори…