Не го прочитал ама знае! Предлогот на Левица за патарините нема врска со реалноста, вели Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ

t

Се уште не сме го виделе предлог-законот, но, ако морам да укажам, јас мислев дека Левица денеска како партија која се грижи за граѓаните, ќе излезе и ќе пофали тоа што ЈПДП има за 40% поголема наплата на наплатните станици во однос на претходната година. Тоа е нешто за кое што треба да се размислува, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски одговарајќи на новинарско прашања запрашан дали неговата партија би го поддржала предлогот на партијата на Димитар Апасиев за намалување на цените на патарините низ државата за 50 проценти.

Сепак, како што вели, од таа партија ќе гледаме само популистички предлози до избори кои што немаат врска со реалноста и кои што не можат да се имплементираат.

-Добро е со нивните коалициски партнери СДСМ да дадат предлози како тие средства кои влегуваат во Буџетот по однос на приходи, би се алоцирале од некое друго место. Ќе го видиме предлогот, па ќе ви кажеме став, но, и тој оди во насока на насока на дневнополитички популистички потреби за политички дискурс кои што немаат суштина во реалноста, кажа пратеникот.

Левица денеска соопшти дека предлага измени и дополнувања на Законот за јавните патишта со кои ќе се овозможи намалување на цените на патарините за 50 отсто и законска регулација на висината на патарината и нивната наплата. Предлагаат и висината на патарината и нивната наплата за прв пат да бидат регулирани со закон наместо со правилник на Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…

Во однос на поканата на Каракачанов до…

Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…