Мојсоска: Со вакви ректори и “интелектуалци” – уште долго ќе тонеме во септичката јама

t

Со вакви ректори и “интелектуалци” – уште долго ќе тонеме во септичката јама, пишува на Фејсбук пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во врска со претстојната седница на Уставниот суд во врска со Законот за јазиците.

– ,,Правните експерти на Советот на Европа потенцира дека Законот за употреба на јазиците значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди, утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Венецијанската комисија открива дека во одредени области, законот може да оди премногу далеку со НАМЕТНУВАЊЕ што може да се покаже како нереална правна обврска врз јавните институции, особено во врска со употребата на албански во судска постапка, заедно со тешки санкции во случај на непочитување и можност за поврат на судските решенија, доколку има недостаток на превод и толкување во текот на постапката.

Според мислењето, овој пристап може значително да го ЗАБАВИ функционирањето на целото судство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права.”

И покрај ова мислење на европските институции, ТРИ РЕКТОРИ на универзитети пишале писмо до Уставен суд да “не се чепка Законот за двојазичност”. Епа, со вакви ректори и “интелектуалци” – уште долго ќе тонеме во септичката јама. – напиша Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Орбан со закон ќе ги контролира странските…

Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…

Стопанската комора најави дека ќе го оспори…

Носењето на Законот за данок на солидарност…

Левица бара дуплирање на роковите за застареност:…

Во својот говор пратеникот Димитар Апасиев за…

20 години затвор за војници што ќе…

До Руската Дума е поднесен предлог-закон, според…