Левица бара дуплирање на роковите за застареност: Не може само луѓе за украдени ќебапи да лежат во затвор

t

Во својот говор пратеникот Димитар Апасиев за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот закон, поднесен од пратениците на Левица истакна дека во затвор лежат само луѓе за украдени ќебапи и дека треба двојно да се зголеми рокот за застареност на делата. На денешната собраниска седница, Собранието ја УСВОИ потребата од носењето на овој Предлог-закон во скратена постапка, како прва фаза од собраниската процедура.

„Станува збор за една манипулација на која сме сведоци при гонењето на случаите од висока корупција, кои еден по еден застаруваат. Тоа е така бидејќи имаме спрега на МАФИЈАТА со поткупливите судии! Со цел тоа да се оневозможи во иднина, го предлагаме овој закон, каде застареноста се злоупотребува и криминалците се на слобода, додека во затвор лежат луѓе само за ќебапи.

Наместо застареноста како институт да ги мотивира органите на прогонот да бидат поефикасни, имаме спротивен случај – односно ги мотивира да ги чуваат случаите во фиока со цел застарните рокови да поминат. Целта на овој Предлог-закон е да се ДУПЛИРА рокот на застареност и тој се однесува на двата типа на застареност: и за кривичното гонење и за извршувањето на казната.

Суштинската промена која ја воведуваме е во апсолутната застареност – каде ние предлагаме за ТРИ пати да се зголеми рокот за застареност, затоа што најголемите корупциски случаи застаруваат по овој основ.

НЕЗАСТАРЛИВОСТА на кривични дела со овој Предлог-закон ја прошируваме со уште четири глави: Kривични дела против имотот, Kривични дела против јавните финансии, Kривични дела против државата и Kривични дела против службената положба и овластување – со цел да не можат функционерите да бидат фактички амнестирани” – велат од Левица.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва голем народен собир на Левица во…

„Левица“ вечерва во Битола организира народен собир…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

(Видео) Левица не коалиција со криминалци и…

Јавно ги демантираме малициозните наративи изготвени во…

Ирската европратеничка Дејли упати поддршка за кандидатурата…

Ирската европратеничка Дејли упати најдобри желби и…

Огласи на албански јазик за новите згради…

„Никнуваат“ нови згради но и огласи на…