Мојсоска: Таканаречени интелектуалци немаат проблем да газат по принципите на европските вредности, кога се во прашање нивните великоалбански идеи
– Очигледно е дека овие таканаречени интелектуалци немаат проблем да газат по принципите на европските вредности, кога се во прашање нивните великоалбански идеи, пишува на Фејсбук пратеничката Јована Мојсоска.
– Иако Венецијанската комисија е децидна за т.н. Закон за ДВОЈАЗИЧНОСТ, некои си “интелектуалци” пратиле писмо да не се чепка овој закон. Па, што ако законот е анти-европски?!
Но, целата албанска политичка елита (од професори, аналитичари до партии) и тоа како ревносно убедуваше дека Македонците треба да се откажат од својот идентитет во име на европските вредности!
Па цела плејада од албанското малцинство убедуваа дека Преспански и Бугарски договор треба да се прифатат, во име на поголемата цел – ЕУ. НО, кога е во прашање албанскиот јазик, за нив европските стандарди не се поголема цел. И повторно се докажува дека албанскота политичка елита НИТУ ЕДНАШ не се солидаризира со македонскиот народ кога е загрозен македонскиот идентитет.
Приказните за соживот се празни флоскули – се додека албанскиот политички естаблишмент системски и посветено работи на ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА на Македонија.в-напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…