Моќниот ураган од трета категорија, Идалија, го погоди западниот брег на Флорида
Ураганот Идалија ја погоди денеска Флорида како „исклучително опасен“, од трета категорија, откако милиони луѓе беа евакуирани или затворени во домови и засолништа во очекување на поплави опасни по живот.
Засилувајќи се над топлите води на Мексиканскиот Залив, Идалија го погоди северозападниот брег на таа сојузна држава со разорни ветрови и поројни врнежи од дожд што можат да предизвикаат поплавен бран висок до пет метри.
Идалија го погоди копното во 7 часот наутро во Китон Бич, крајбрежна заедница од 13 илјади жители на околу 120 километри југоисточно од главниот град Талахаси.
На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа пороен дожд и паднати столбови за струја.
-Ураганот Идалија зајакна до категорија четири од максимални пет, пред да ослабне до категорија 3 наутро со ветрови од 201 километар на час, објави Националниот центар за урагани во Мајами. Секоја бура што ќе достигне категорија три се смета за опасен ураган.
Повеќето од 21 милион жители на Флорида и соседните Џорџија и Јужна Каролина се под тревога, а во сите три држави е воведена вонредна состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…