МПЦ во чекор со светските трендови: Покачени цените на црковните услуги – Видете колку ќе чинат венчавка, погреб и крштевка
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, кога свештените лица во православните домови вршат водосвет, граѓани реагираат дека за услугите платиле 50 денари повеќе од претходно. Битолската телевизија „Тера“ побара одговор од Владиката Петар дали има покачување на цените на црковните услуги, а тој кусо им одговорил дека е нормално да има кога цените на услугите не биле покачени 7 до 8 години.
Граѓаните кои ги репортерите ги затекнале во храмот „Св.Недела“ во Битола зад камерата се пожалиле дека цените за црковните треби биле покачени уште за Задушница кога се спеваа починатите. Тогаш граѓаните за ова платиле 200 денари, а претходно плаќале по 150 денари.
Наводно за 500 денари биле покачени и цените на венчавките, крштевките и погребите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Франциск ги критикува “нефлексибилните” позиции кои…
Папата Франциск во четвртокот предупреди на нефлексибилните…
Битиќи: Ќе овозможиме покачување на платите во…
„Од 2020 година кога почна пандемијата на…
Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…
Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…
Врховната рада усвои предлог-закон за забрана на…
Со 267 гласови „за“ и 15 „против“…
Молотов коктел фрлен врз црква во Бугарија
Груб напад врз црква во Варна. Маж…