Мува не ги лази што ќе рече народот… Нови 39 милиони за Пирамид од Општина Аеродром – Ќе провери ли Обвинителство дали се местеле тендери?
Нови 39 милиони денари ќе завршат во џебот на ПИРАМИД БИЛДИНГ, компанијата која ја гради и настрешницата во МНР за неверојатни половина милијарда денари.
Денеска е склучен и објавен договорот меѓу Општина Аеродром и една од омилените компании на актуелната власт, која добива милионски тендери во општините чии градоначалници доаѓаат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Како што можете да видите од податоците во продолжение, целата набавка е 39,3 милиони денари. Договорот е потпишан од наследникот на Муцунски на позицијата градоначалник на Аеродром, Дејан Митевски.

Она што секако не зачудува е што и овде се јавува само еден понудувач, тоа е Пирамид Билдинг.

Условите повторно отвораат сомнеж, особено делот со потребно искуство кое се бара.
Потребно искуство:
– Понудувачот да има успешно искуство во минимум 3 (три)изведени работи од областа на изведба со асфалтирање на улици и патишта реализирани во последните 5 (пет) години од денот на јавното отварање на понудитесо вкупна вредност од минимум 70.000.000,00 денари, од кои минимум 1 (една) изведенa работа/договорсо вкупна вредност од минимум 30.000.000 денари.
Персонал:
Од персоналот кој ќе биде вклучен во набавката и ќе биде на располагање (ангажиран) за цело времетраење на предметната набавка, економскиот оператор треба да располага со:
- Минимум 2 (два) градежни инженери со овластување Б за изведба од областа на градежништвото издадено од Комора за овластени инженери и архитекти на РСМ
- Минимум 1 (еден) геодетски техничар или геодетски инжинер и
- Минимум 20 (дваесет) ВКВ или КВ работници од предметната област на набавката.
Потребна опрема:
Понудувачот треба да ја има во сопственост или да располага со следнава техничка опрема за цело времетраење на договорот:
- Мин. 4 камиони-кипер со носивост од минимум 25 тона,
- Мин. 2 утоварувач,
- Мин. 1 комбинирана машина (утоварувач – ровокопач)
- Мин. 1 грејдер,
- Мин. 1 виброваљак метал – метал минимум 8 тона,
- Мин. 1 виброваљак комбиниран метал – гума минимум 8 тона,
- Мин. 1 финишер со работна ширина од (2,5-7м),
- Мин. 1 машина за прскање емулзија,
- Мин. 2 машини за сечење асфалт,
- Мин. 1 виброжаба,
- Мин. 1 виброплоча,
- Асфалтна база со производство од мин. 160 т/ч, со А интегрирана еколошка дозвола(со оддалеченост максимум 40 км од местото на извршување на работите).
Како што спомнавме, истата компанија ја гради и фамозната настрешница на МНР за половина милијарда денари, а претхонод од СДСМ на прес-конференција открија дека од „вмровските“ општини добила над 4 милиони евра.
– Фирмата добила дури 11 тендери во Аеродром вредни 2 милиони евра.
Додека тој бил градоначалник на Општина Аеродром, истата компанија добила договор вреден 335.000 евра за хигиенски и комунални услуги.
Идентично, тендерската мрежа на ДПМНЕ е поврзана и со парите од унгарскиот кредит кои треба граѓаните да ги враќаат.
Од овие пари, омилената фирма на Муцунски добила 3 тендери вредни околу 1,8 милиони евра само во изминатите 3 месеци.
Дури го добила и оној тендер за реконструкција на скверот позади ТЦ Капитол, вреден околу 700.000 евра каде на почеток на работите присуствувал и премиерот Христијан Мицкоски.
Или вкупно, само преку бизнисот со општина Аеродром, речиси 4 милиони евра завршиле кај оваа компанија!
Има и тендери со други општини, меѓу кои со Гази Баба каде во мандатот на ДПМНЕ добила 8 тендери. – соопштија од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…
Нула нови градинки за 4 години во…
Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја…
НАБАВИЛЕ ОПРЕМА ПО ДВОЈНО ПОСКАПА ЦЕНА! Афера…
Недобронамерници би рекле дека ова е криминал...…
70-годишна скопјанка нападната од сосед на полноќ…
70-годишна жителка на Скопје вчера пријавила во…
Насилник од Аеродром двапати ја нападнал сопругата,…
Завчера пред полноќ, жена од скопско пријавила…