Мува не ги лази што ќе рече народот… Нови 39 милиони за Пирамид од Општина Аеродром – Ќе провери ли Обвинителство дали се местеле тендери?

t

Нови 39 милиони денари ќе завршат во џебот на ПИРАМИД БИЛДИНГ, компанијата која ја гради и настрешницата во МНР за неверојатни половина милијарда денари.

Денеска е склучен и објавен договорот меѓу Општина Аеродром и една од омилените компании на актуелната власт, која добива милионски тендери во општините чии градоначалници доаѓаат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Како што можете да видите од податоците во продолжение, целата набавка е 39,3 милиони денари. Договорот е потпишан од наследникот на Муцунски на позицијата градоначалник на Аеродром, Дејан Митевски.

Она што секако не зачудува е што и овде се јавува само еден понудувач, тоа е Пирамид Билдинг.

Условите повторно отвораат сомнеж, особено делот со потребно искуство кое се бара.

Потребно искуство:

– Понудувачот да има успешно искуство во минимум 3 (три)изведени работи од областа на изведба со асфалтирање на улици и патишта реализирани во последните 5 (пет) години од денот на јавното отварање на понудитесо вкупна вредност од минимум 70.000.000,00 денари, од кои минимум 1 (една) изведенa работа/договорсо вкупна вредност од минимум 30.000.000 денари.

Персонал:

Од персоналот кој ќе биде вклучен во набавката и ќе биде на располагање (ангажиран) за цело времетраење на предметната набавка, економскиот оператор треба да располага со:

  • Минимум 2 (два) градежни инженери со овластување Б за изведба од областа на градежништвото издадено од Комора за овластени инженери и архитекти на РСМ
  • Минимум 1 (еден) геодетски техничар или геодетски инжинер и
  • Минимум 20 (дваесет) ВКВ или КВ работници од предметната област на набавката.

Потребна опрема:

Понудувачот треба да ја има во сопственост или да располага со следнава техничка опрема за цело времетраење на договорот:

  • Мин. 4 камиони-кипер со носивост од минимум 25 тона,
  • Мин. 2 утоварувач,
  • Мин. 1 комбинирана машина (утоварувач – ровокопач)
  • Мин. 1 грејдер,
  • Мин. 1 виброваљак метал – метал минимум 8 тона,
  • Мин. 1 виброваљак комбиниран метал – гума минимум 8 тона,
  • Мин. 1 финишер со работна ширина од (2,5-7м),
  • Мин. 1 машина за прскање емулзија,
  • Мин. 2 машини за сечење асфалт,
  • Мин. 1 виброжаба,
  • Мин. 1 виброплоча,
  • Асфалтна база со производство од мин. 160 т/ч, со А интегрирана еколошка дозвола(со оддалеченост максимум 40 км од местото на извршување на работите).

Како што спомнавме, истата компанија ја гради и фамозната настрешница на МНР за половина милијарда денари, а претхонод од СДСМ на прес-конференција открија дека од „вмровските“ општини добила над 4 милиони евра.

– Фирмата добила дури 11 тендери во Аеродром вредни 2 милиони евра.

Додека тој бил градоначалник на Општина Аеродром, истата компанија добила договор вреден 335.000 евра за хигиенски и комунални услуги.

Идентично, тендерската мрежа на ДПМНЕ е поврзана и со парите од унгарскиот кредит кои треба граѓаните да ги враќаат.

Од овие пари, омилената фирма на Муцунски добила 3 тендери вредни околу 1,8 милиони евра само во изминатите 3 месеци.

Дури го добила и оној тендер за реконструкција на скверот позади ТЦ Капитол, вреден околу 700.000 евра каде на почеток на работите присуствувал и премиерот Христијан Мицкоски.

Или вкупно, само преку бизнисот со општина Аеродром, речиси 4 милиони евра завршиле кај оваа компанија!

Има и тендери со други општини, меѓу кои со Гази Баба каде во мандатот на ДПМНЕ добила 8 тендери. – соопштија од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Птица заглавена во моторот спречи авион да…

Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…

(Видео) Вандализам во Аеродром: Млади луѓе кршат…

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Иран го нападна аеродромот во Кувајт,…

Меѓународниот аеродром во Кувајт беше погоден од…

Хаос во воздушниот сообраќај во Брисел: Откажани…

Во белгискиот главен град Брисел е воведен…