Објавено на:

Мундијалот во 2030 ќе се игра во шест држави на три континенти

t

Светската фудбалска организација ФИФА денеска одлучи дека Мундијалот во 2030 година ќе се игра не на еден, не на два туку на три континенти. Ако Европското во 202 кое се играше во 12 европски градови изгледаше лошо, на што ли ќе личи ова?

Првите три меча од Мундијалот ФИФА одлучи да се играат во Аргентина, Парагвај и Уругвај, значи во Јужна Америка, а потоа турнирот се сели во Европа односно Африка.

Домаќини на остатокот од Мундијалот ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко. Што ќе рече дека турнирот вкупно ќе се игра на три континенти и во шест земји.

Ваква одлука денеска донесе Советот на ФИФА, а останува на 24 декември истата таа одлука да биде потврдена и од конгресот на ФИФА. Ако се знае како функционира оваа организација тоа е само прашање на техника.

Мислењето на јавноста е дека фудбалските авторитети не сакале да ги разочараат јужноамериканците со нивно игнорирање на оваа тема, па ете нашле модус како да бидат испочитувани на темата Мундијал. Симболично секако, првиот Мундијал кој е одржан е токму во Уругвај во 1930 година, а ова ќе биде еден вид љубилеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанскиот репрезентативец Jамал ​ стана најмладиот стрелец…

Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…

Англија прва, Данска и Словенија без победа…

Англија со една победа, Данска и Словенија…

(Видео) Хаос во Бирмингем: Полските навивачи запалија…

Полицијата во Бирмингем имаше многу работа пред…

Новина во фудбалот, ќе се воведе портокалов…

Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) начелно…

Младите македонски фудбалери ја декласираа Саудиска Арабија…

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше…