Муцунски – Герапетритис: Главна тема на средба ќе биде контрапродуктивниот став на македонската Влада во однос на неупотребата на уставното име
Посетата на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на Атина е во фокусот на грчките медиуми кои наведуваат дека главна тема на неговата средба со грчкиот колега Јоргос Герапетритис ќе биде контрапродуктивниот став на македонската Влада во однос на неупотребата на уставното име – Република Северна Македонија.
Катимерини наведува дека последните неколку месеци двете земји ги поврзуваше темата за досега најголемата трагедија во Македонија – пожарот во дискотеката во Кочани, во која загинаа 62 претежно млади луѓе, по што во Грција беа хоспитализирани дел од повредените, како и пожарите во чие гаснење помогнаа авиони на грчките воздухопловни сили. Сепак, покрај овие теми Атина со особена загриженост ја следи практиката на изоставување на уставното име на земјата, што во последната година ја следат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Мицкоски и министрите од, како што се посочува, националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Надвор од реториката што ја следат Мицкоски и неговите соработници, кои ја опишуваат својата земја како ‘Македонија‘, избирајќи да не ја користат одредницата, речиси сите државни организации и претставници се движат соодветно. Еден од карактеристичните примери се спортските федерации кои никогаш не се прилагодиле да го вклучат уставното име. Дури и Кошаркарската федерација, која го стори тоа во 2019 година, сега одлучи да го изостави. Во ситуации со де факто меѓународен карактер, како што е неодамнешното потпишување на почетокот на проектите за гасоводот од Неа Месимврија до Неготино, преку Евзони-Гевгелија, постојат потребните знаци што го означуваат уставното име на земјата, при што функционерите од Северна Македонија едноставно избегнуваат да се повикуваат на името на нивната земја“, наведува Катимерини.
Во текстот се посочува дека министрите од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Преспанскиот договор е пример што Бугарите сега го користат за да го попречат патот на Македонија кон ЕУ.
„Во неодамнешно интервју, Сиљановска-Давкова, меѓу другото, забележа дека ако Преспанскиот договор беше корисен за нејзината земја, тогаш таа веќе ќе беше земја-членка на ЕУ. Понатаму, во низата аргументи и на претседателката на Северна Македонија и на владините претставници на ВМРО, постојано постои тврдењето дека Македонија не напредува од своја страна, бидејќи Грција не ги ратификувала познатите три меморандуми во Парламентот“, пишува Катимерини.
Сепак, потсетува дека ЕУ испратила јасна порака во врска со потребата Северна Македонија да ги исполни обврските од договорот. Уште во мај, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, истакна дека Северна Македонија мора да го спроведе она што беше ветено во преговорите со Бугарија. „Катимерини“ потсетува и на одобрувањето на Европскиот совет да се отстранат референците за македонскиот јазик и идентитет од извештајот за напредокот на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски – Герапетритис: Главна тема на средба…
Посетата на шефот на македонската дипломатија Тимчо…
Важни информации за возачите во Македонија –…
АЈАВА ЗА ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На ден…
Пет активни пожари на територијата на Македонија
До утрово до 7:30 часот според Центарот…
Дислоцирање на американските војници од Косово заради…
Американскиот универзитетски професор и експерт за политичките…
Африм Гаши доцна синоќа бил примен на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа…