Дислоцирање на американските војници од Косово заради нови стратегиски интереси на САД?
Американскиот универзитетски професор и експерт за политичките случувања во Западен Балкан, Даниел Сервер, изјави во јавноста дека „присуството на американските војници на Косово можеби нема да трае уште долго, а Косовските безбедносни сили (КБС) наскоро би можеле да преземат значително поголеми одговорности“. Во истата изјава тој наведе и дека „Косово моментално добро се справува во однос на безбедносната ситуација“…
– Косово засега добро се справува, но не знам колку долго САД ќе сакаат да го одржат присуството на своите војници – посочи Сервер.
Професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ истакна дека Косовските безбедносни сили (КБС) наскоро ќе имаат дополнителни одговорности во управувањето со безбедноста на Косово, по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека „ескалацијата во Косово неодамна – престанала“!
– Постојат многу поголеми проблеми во светот. Косовските безбедносни сили еден ден, можеби многу наскоро, ќе имаат големи одговорности – нагласи Сервер.
Според него, иако Косово останува приоритет за меѓународните сојузници, поголемите американски интереси можат да влијаат на понатамошното ангажирање на американските трупи во регионот. Р.С.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…