Муцунски: Кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ се симбол на создавање на нови модели за добро управување на Македонија и процес кој што не носи кон предвремени парламентарни избори

t

Овие кадровски промени кои што вчера се случија во ВМРО-ДПМНЕ се една добра симболика за стартот кој што сега го имаме по завршувањето на тој процес на локални избори. А, по таа убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ да дадеме континуитет на добрите политики кои што создадоа услови граѓаните да ни ја дадат таквата поддршка како што ја добивме на локалните избори, истакна Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Муцунски додаде дека резултатот на локалните избори означи дека граѓаните чувствуваат потреба опозициската партија да ја преземе одговорноста поради неквалитетните политики на тогашната локална власт. Граѓаните поддршката ја дадоа за ВМРО-ДПМНЕ.

„Секоја кадровска промена која што се случувала во ВМРО-ДПМНЕ создаде услови за континуитет на доброто, континуитет на добрите политики но истовремено нови идеи и промени насочени кон следната наша цел, а тоа предвремени парламентарни избори. А, тие предвремени парламентарни избори ќе создадат услови за промени на централно ниво, и да го видиме тој модел на добро владеење и добро управување кое што сега го гледаме на локално ниво од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Муцунски.

Муцунски посочи дека во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има и истакнати експерти. Едниот од нив е од областа на политиката господинот Клековски, госпоѓата Кадиевска Војновиќ, истакнат експерт од банкарска и монетарна политика. Има многу квалитетни кадри кои што биле во партијата на различни функции и кои што се докажани како професионално така и на академско ниво. И целата таа симбиоза на партиско освежување ќе продолжи и со претседатели на партиски комисии, проширување на одреден круг на стратешки соработници на претседателот на партијата, Мицкоски.

„Верувам дека вчерашниот ден е само еден почеток на одредени кадровски промени кои што ќе се случуваат во партијата. И ќе бидат симбол на создавање на нови модели за добро управување на Република Македонија и процес кој што неминовно не носи кон предвремени парламентарни избори. И конечно да ги создадеме тие финални промени кои што граѓаните ги очекуваат и да ја видиме Македонија на вистински колосек“, нагласи Муцунски.

Во однос на реформите за избори кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, тој вели дека станува збор за Сеопфатна реформа на изборниот процес, создавање на пофер правила, но и процес кој ќе биде пофункционален за демократијата во Македонија, и за повеќе за нема проблеми кои се влечат постојано од избори во избори.

– Промени кои ќе значат 90 пратеници во Собранието наместо 120. Ние правиме исчекор и се согласуваме за моделот една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ не стравува од една изборна единица земајќи ја во предвид актуелната политичка клима, за нас е важно да имаме јасни и правила и квалитетен систем за спроведување на избори, а не постојано од изборен процес до изборен процес да ги влечеме истите забелешки кои од меѓународни организации и кои забелешки го нарушуваат изборниот процес, рече Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…

Членовите на Државната комисија за спречување корупција…

Орбан: Дојде време за промени во ЕУ!…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денес…

(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…

ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…

Муцунски: Кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ се симбол…

Овие кадровски промени кои што вчера се…

ВМРО ќе има нови двајца потпретседатели –…

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и поранешната…