Муцунски на средба со Кос во Брисел: Потврдена посветеноста кон евроинтеграциите
Ја потврдивме нашата силна посветеност кон евроинтегративниот пат на државата. Ова е коментарот што министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски го даде по средбата што во Брисел ја имал со еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Муцунски, во објава на неговиот профил на Инстаграм, поставувајќи фотографии од средбата со Кос, во објаснувањето вели дека на средбата било разговарано за реформските процеси, за посветеноста на Владата и за носењето на законите што се составен дел од овој процес.
„Во фокусот беше и справувањето со заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, пишува Муцунски во објавата.
Според Муцунски, комесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на државата и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на нив по локалните избори.
Инаку, на покана на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска во Брисел присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската комисија.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека на состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу ЕУ и регионот, со посебен акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски на средба со Кос во Брисел:…
Ја потврдивме нашата силна посветеност кон евроинтегративниот…
Жолто ниво во Македонија, на сила предупредување…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување…
Адвокатот Митровски за обвинението за Пулс: Обвинителството…
Во продолжение на судскиот процес за случајот…
Беџети: Очекуваме Алијанса за Албанците на Села…
Тоа се нивни легитимни ставови и ние…
Некои студенти ги продаваат ваучерите за електронски…
Дали повикот за ваучери наменет за електронски…