Муцунски на средба со Кос во Брисел: Потврдена посветеноста кон евроинтеграциите

t

Ја потврдивме нашата силна посветеност кон евроинтегративниот пат на државата. Ова е коментарот што министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски го даде по средбата што во Брисел ја имал со еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Муцунски, во објава на неговиот профил на Инстаграм, поставувајќи фотографии од средбата со Кос, во објаснувањето вели дека на средбата било разговарано за реформските процеси, за посветеноста на Владата и за носењето на законите што се составен дел од овој процес.

„Во фокусот беше и справувањето со заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, пишува Муцунски во објавата.

Според Муцунски, комесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на државата и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на нив по локалните избори.

Инаку, на покана на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска во Брисел присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската комисија.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека на состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу ЕУ и регионот, со посебен акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…

Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…

Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…

116 години од раѓањето на Мајка Тереза

На денешен ден, пред 116 години, во…

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…

Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…

Златото се искачи на 4.700 долари, растат…

Цените на металите на светските берзи денеска…