Муцунски: Трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија, но државата ја памети искрената поддршка од пријателските земји
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по трагичниот пожар во Кочани, нагласувајќи дека настанот претставува важна можност за размена на знаења и искуства, но и симбол на солидарноста и поддршката што меѓународната заедница ја покажа кон нашата држава во еден од најтешките моменти. Во своето обраќање, Муцунски потсети дека трагедијата во Кочани длабоко ја потресе државата и за само неколку минути едно обично утро се претворило во длабока национална болка. Во тие моменти, кога секоја минута била од исклучително значење, брзата реакција на институциите и поддршката од пријателските земји помогнале да се спасат многу човечки животи.
Министерот посочи дека 115 пациенти биле згрижени и лекувани во странство, благодарение на брзата комуникација со партнерските држави, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на бројни земји да обезбедат медицинска помош. „Во тие тешки денови се покажа вистинската сила на дипломатијата и меѓународната солидарност. Токму во вакви моменти станува јасно дека вистинската вредност на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи“, истакна Муцунски. Тој изрази искрена благодарност до владите, амбасадите, институциите и народите на пријателските земји кои без двоумење ја подадоа раката за помош, нагласувајќи дека токму во вакви моменти најјасно се согледува значењето на меѓународното пријателство и партнерство.
Муцунски упати посебна благодарност и до докторите и медицинските тимови – како во Македонија, така и во странство – кои со својата посветеност, професионалност и пожртвуваност придонеле за спасување на човечки животи. Во своето обраќање тој нагласи дека трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија, но дека државата ќе памети и нешто друго – искрената поддршка и солидарност што ја покажале пријателските земји во најтешките моменти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски: Трагедијата во Кочани ќе остане трајно…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Алиу: Една година по Кочани – Македонија…
Министерот за здравство, Азир Алиу во воведното…
Мицкоски: Кочани е место на огромна трагедија…
Говор на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски,…
Со литургија и парастос денеска започна тридневното…
По повод годишнината од трагичниот пожар во…
Пожар во објект во склоп на Прочистителната…
На 12.03.2026 во 21:05 часот во ОВР…