Пожар во објект во склоп на Прочистителната станица во Кочани!
На 12.03.2026 во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани. Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Лицето В.И. (56) од с.Мојанци кој го пријавил пожарот, додека бил на своето работно место како
чувар и при обид да го изгаси пожарот со ПП апарат со помош на двајца соселани, тројцата вдишале чад, при што од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош. За настанот биле известени јавен обвинител и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…