Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска ќе добијат дипломатски пасоши
Членовите на Државната комисија за спречување корупција не се во категоријата на лица кои имаат задолжително право на дипломатски патни исправи, но истовремено, на одредени категории, доколку министерот процени дека има потреба, Министерството има право да издаде дипломатска патна исправа, велат од Министерството за надворешни работи, откако членовите на ДКСК доставија барања за дипломатски пасоши.
Барањата биле доставени во април оваа година и тогашниот министер, Бујар Османи позитивно одговорил само за претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска.
Во однос на останатите членови на ДКСК, наведува МНР, „министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе направи дополнителни консултации со цел да биде донесена соодветна одлука, односно дали постојат оправдани причини и тие евентуално да добијат дипломатски или службени патни исправи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Машала: И Љутков има стан во Бугарија,…
Министерот за култура, Зоран Љутков има четири…
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…
Барањето за дипломатскиот пасош според закон не…
Повикувајќи се на член 11 од Законот…
ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…
Волкот го менува влакното, но не и…
ДКСК сепак, покрај дипломатските пасоши барала и…
Претседателката на Државната комисија за спречување на…